• петок, 17 мај 2024

Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Традиционална крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје

Скопје, 26 јули 2021 (МИА) - Под мотото „За Скопје со љубов, дарувај крв-биди хуман“, Црвен крст на град Скопје денеска традиционално организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, и во знак на покажаната солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани.

Крводарителската акција, која е организирана со поддршка на Општинска организација на Црвен крст Кисела Вода и Институтот за трансфузиона медицина, ќе се реалаизира од 9 до 17 часот во Дневниот центар за дарување крв, лоциран во ДХО „Даре Џамбаз“. 

- На денот на солидарноста, кога Скопје се сеќава за значењето на истата, ги покануваме граѓаните да бидат дел од крводарителска акција и да ја изразат својата солидарност преку чинот на дарување крв, стои во соопштението од Црвениот крст, од каде дополнуваат дека крводарувањето е сосема безбедно и во услови на пандемија со Ковид-19, а самата крводарителска акција ќе биде спроведена со почитување на сите пропишани протоколи за работа. ар/лв/

Остани поврзан