• среда, 17 април 2024

Тошковски во посета на Центарот за обука во Идризово и најавениот нов пункт за лични документи

Тошковски во посета на Центарот за обука во Идризово и најавениот нов пункт за лични документи

Скопје, 16 февруари 2027 (МИА) - Министерот за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски денеска извршил увид во активностите кои се вршат во насока на отворање на новиот пункт за фотографирање и издавање на лични документи кој ќе функционира во рамки на Центарот за обука во Идризово.

-Овој пункт значително ќе го олесни процесот и ќе им овозможи на жителите на околните населени места во однос на нивните барања за лични исправи, потенцирал Тошковски при денешната посета на Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи.

На средбата, како што информираат од прес-службата на МВР, Тошковски од страна на раководството на Центарот за обука бил запознаен со начинот на функционирање и тековните активностите што се спроведуваат во Центарот.

Од Министерството соопштуваат дека Центарот за обука е акредитиран преку ИАДЛЕСТ од Соединетите Американски Држави, а во моментов тече процесот за негова реакредитација. Во таа насока, стои во информацијата, техничкиот министер Тошковски извршил увид на исполнувањето на стандардите од кои зависи реакредитацијата, најголем дел од нив зависат од исполнување на материјално-техничките капацитети кои согласно стандардите треба да бидат на високо ниво за истите да бидат исполнети, каде спаѓаат сместувачките капацитети, училниците, стрелиштата, салите за физичко, бројот на учесници/кандидати во тимовите за обука, начинот на спроведување на наставата, човечките ресурси итн.

- Состојбата која е затекната не е во целост задоволителна, но министерот Тошковски истакна дека е потребно да се вложат максимални напори со цел исполнување на стандардите. Во таа насока министерот потврди дека досега се завршени сите правни процедури за отпочнување со реконструкција на Центарот за обука, но согласно предвидената документација потребно е да се направат дополнителни реконструктивни зафати со цел затекнатите проблеми да не се повторуваат во иднина, посочуваат од МВР и дополнуваат дека Тошковски потенцирал и оти „е потребно итно решавање на статусот на редовните обучувачи во Центарот за обука.фф/лв/

Фото: МВР

 

Остани поврзан