• вторник, 23 април 2024

Српска странка во Македонија во Коалицијата за европска иднина на СДСМ

Српска странка во Македонија во Коалицијата за европска иднина на СДСМ

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - СДСМ соопшти дека на денешната средба помеѓу партискиот претседател Димитар Ковачевски и основачот и претседател на Српската странка во Македонија, Мирослав Јовановиќ, се потврди проширувањето на Коалицијата за европска иднина.

Според СДСМ, Коалицијата за европска иднина ќе го обезбеди остварувањето на втората стратешка цел, членството на Северна Македонија во ЕУ и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда.

-Коалицијата и нејзините членови се целосно посветени на европскиот пат и се залагаат за европски животен стандард за граѓаните, економски раст и развој преку директни вложувања и странски инвестиции, преку капитални и инфраструктурни инвестиции, но и преку поддршка на домашните компании, како и за достоинствен живот за пензионерите како основни постулати на предизборните активности и кампањи. Оваа проевропска колација целосно ќе се посвети на реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата, наведува СДСМ..

Коалицијата за европска иднина ја сочинуваат СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, Движењето Нова Република и од денес и Српска странка во Македонија. мч/лв/

фото: СДСМ

Остани поврзан