• понеделник, 23 декември 2024

Во Велес и Велешко гласаат болни и изнемоштени

Во Велес и Велешко гласаат болни и изнемоштени

Велес, 23 април 2024 (МИА) - Членови на избирачки одбори на 84 избирачки места во Општина Велес од утрово се на терен. Тие им овозможуваат на болните и изнемоштени граѓани да гласаат во нивните домови и да го остварат своето граѓанско право да гласаат за избор на седмиот претседател на државата.

Претседтелот на Општинската изборна единица Андреа Ќамилов за МИА изјави дека денеска гласаат 141 болни и изнемоштени граѓани во Велес и од населените места во општината. Правото на глас го остваруваат и затворениците во велешкиот затвор,  како  и лицата згрижени во старечки домови.

Според Единствениот избирачки список во Општина Велес на 84 избирачки места во сите населени места во општината  право на глас на утрешните Претседателски и на претстојните Парламентарни избори имаат вкупно 44 858 полнолетни граѓани.

Ќамилов  информираше дека веќе се пристигнати повеќе од половина од  материјалите за гласање кои утре рано наутро ќе бидат однесени на избирачките места кога точно во 7 часот ќе бидат отворени сите 84 избирачки места. Граѓаните утре ќе можат да го остварат своето граѓанско право  до вечерта до 19 часот. ад/хс/

Фото: МИА архива 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан