• петок, 10 мај 2024

Социјален дијалог помеѓу училиштата и компаниите во Куманово

Социјален дијалог помеѓу училиштата и компаниите во Куманово

Куманово, 5 февруари 2024 (МИА) - Стручните училишта и компаниите од Куманово учествуваа на денешниот социјален дијалог – дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“, кој се одржа денеска, vo поранешен „Комитет“. Настанот го организираше Секторот за образование при Општина Куманово и средните општински училишта. Целта на овој проект е креирање на квалификуван стручен кадар, кој ќе произлезе од дуалното образование и ќе одговори на потребите и барањата на производствениот процес.

- Трета година се спроведува кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од лани социјалниот дијалог е префрлен на локално ниво и има за цел да се утврди точно потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите. Во Куманово има 27 дуални паралелеки што е задоволувачки, сепак компаниите ќе го кажат последниот збор. Важно е што сега училиштата треба да достават предлог паралелки за упис во идната учебна година. МОН ќе го објави конкурсот на 31 март годинава изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.

ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“ токму преку дуалното образование успеа да запише дури 50 проценти повеќе ученици изминативе години. Социјалниот дијалог дава резултати, велат надлежните.

- Баравме во АВРСМ кои струки воопшто нема, па така воведовме две од здравствената, фaрмациски техничар и дентален асистент, од сообраќајната, техничар за патен сообраќај. Сега ќе ги видиме потребите на пазарот, ќе одлучиме. Задоволни сме од дуалните паралелки, изјави директорката на државното средно училиште, регионален центар за стручно образование, „Киро Бурназ“, Весна Трајковска.

Директорот на „Наце Буѓони“, Драган Јаневски вели дека со години немата проблем за упис на ученици и не инсистирале на дуални паралелки. Но, сепак поради една компанија пред две години вовеле дуално образование.

- Станува збор за гигантот „Дреклермаер“ и не можевме да испуштиме. Генерално сме задоволни од бројот на ученици. Имаме такви струки веднаш наоѓаат работа, изјави Јаневски.

Пред присутните се обрати претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, a потоа следуваше презентација на кампањата. Во дискусијата учествуваа претставници од Општината, раководни лица на компании од приватниот сектор, директори од средните општински училишта и претставници од Стопанска комора. ам/сст/


Фото: МИА и Општина Куманово

 

Остани поврзан