• недела, 28 април 2024

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени

Сончево со мала локална облачност, максималните температури од 20 до 28 степени

Скопје, 5 април 2024 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност. 

-Денеска и в сабота ќе дува слаб до умерен, а в недела долж Повардарието повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. хс/ев/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан