• четврток, 21 ноември 2024

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Дебар, 28 април 2024 (МИА) - Кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо денеска истакна дека само политичка опција од која тој е дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред.

Според Пендаровски, опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

-Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум - осум години, а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тогаш во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамноправни или нема да има среќа за никого, рече Пендаровски.

Пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика каква била нивната определба.

-Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинаку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава, рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ вечерва имаше средба и со жителите на општина Маврово - Ростуше. вт/ев/

ФОТО: Изборен штаб Пендаровски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан