• четврток, 18 јули 2024

Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме

Сончево и многу топло, попладне локален пороен дожд и услови за невреме

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде од 15 до 22, а максималната од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 37 степени.

Според УХМР, од понеделник во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град. Ќе се задржи топло време, но со постепено опаѓање на дневната температура. мч/дма/

фото: МИА архива

Остани поврзан