• недела, 22 декември 2024

Општина Пехчево објави јавен повик за ангажирање невработени лица од програмата Јавни работи  

Општина Пехчево објави јавен повик за ангажирање невработени лица од програмата Јавни работи  

Пехчево, 21 октомври 2024 (МИА) - Општина Пехчево објави јавен повик за невработени лица за учество во проектот од програмата за работно ангажирање – Јавни работи. Активноста е  финансирана од буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ и кофинансирана од Општина Пехчево за 2024 година. 

-Со овој јавен повик ги повикуваме  граѓаните за појавување на интерес за учество во работно ангажирање на евидентирани невработени лица во проект на општина Пехчево и АВРМ, Центар за вработување – Берово од инфраструктурен карактер и заштита на животната средина на локално ниво. За успешна реализација на повикот работно треба да бидат ангажирани 10 лица кои се пријавуваат во АВРМ, Центар за вработување – Берово како евидентирани невработени лица, се вели во повикот од Општина Пехчево.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани за четири работни часови дневно, пет дена во неделата. 

-Времетраење на проектот е 30 работни дена. Почеток со работа од 29-ти октомври 2024 година. Финансискиот надоместок ќе изнесува од 800 денари дневно, додадоа од Општина Пехчево.

Пријавувањето на кандидатите е во просториите на општина Пехчево, а краен рок за пријавување е 28.10.2024 година. вс/дма/

Фото: Општина Пехчево

 

Остани поврзан