• петок, 22 ноември 2024

Во Кочани отворена изложба за геноцидот врз Ромите во Втората светска војна и потоа

Во Кочани отворена изложба за геноцидот врз Ромите во Втората светска војна и потоа

Кочани, 21 октомври 2024 (МИА) – Библиотеката „Искра“ од Кочани е домаќин на изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите“, што се реализира како дел од проектот „Моето право да се сеќавам – меморијализација на ромскиот геноцид“.

Носител на проектот и организатор на изложбата е Регионалната ромска образовна младинска асоцијација, во соработка со Регионалната канцеларија за младинска соработка.

–Изложбата се фокусира на прогонството на Синтите и Ромите, од нивното исклучување и обесправување во Германскиот Рајх до системското истребување во нацистичка Европа. Поделена е во три дела, при што првото поглавје го истражува потеклото на прогонството на Ромите, „Вовед на геноцид пред Втората светска војна“. Во второто поглавје е опфатен геноцидот на Ромите и нацистичките злосторства за време на Втората светска војна, а третото поглавје се занимава со повоената историја и современите предизвици на ромскиот геноцид. Податоците и фотографиите откриваат уништени животи зад бирократските документи што го запишуваат организираното уништување, истакна Урмета Арифовска, заменик-директорка на Регионалната ромска образовна младинска асоцијација.

Изложбата „Ромскиот геноцид низ очите на младите“ ќе биде отворена до крајот на оваа недела и таа нуди и информации за состојбата со човековите права на Синтите и ромските малцинства во Европа по 1989 година. Притоа повикува на заземање јасен став против маргинализацијата и омразата, преку подигање на свеста, обезбедување информации и создавање култура на сеќавање. та/дма/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан