• недела, 19 мај 2024

Советот на ЕУ ги продолжи санкциите за непочитување на човековите права за уште три години  

Советот на ЕУ ги продолжи санкциите за непочитување на човековите права за уште три години  

Брисел, 4 декември 2023 (МИА) – Европскиот Совет денеска донесе одлука за продолжување на санкциите кон поединци и субјекти одговорни за сериозни прекршувања и злоупотреби на човековите права ширум светот за уште три години, до 8 декември 2026 година. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел со Глобалниот режим на ЕУ за рестриктивни мерки за непочитување на човековите права во моментов се опфатени 67 физички и правни лица и 20 субјекти. 

На физичките лицата опфатени со режимот на санкции им е забрането патување на територијата во ЕУ. Дополнително на сите лица и субјекти им е замрзнат имотот во земјите членки на Унијата и забрането е да им се доставуваат или ставаат на располагање средства од страна на ентитети од ЕУ. 

- Со денешната одлука ЕУ ја потврдува посветеноста за осуда на прекршувањата и злоупотребите на човековите права со сите инструменти што и се на располагање, а истовремено нагласува дека човековите права се универзални, неделиви и меѓусебно зависни и поврзани, се наведува во соопштението на Европскиот совет. 

Глобалниот режим на ЕУ за санкции за непочитување на човековите права е воспоставен на 7 декември 2020 година и тој и овозможува на Унијата да презема мерки против поединци, организации и субјекти ширум светот, вклучително и државни претставници, одговорни, вклучени или поврзани со сериозни прекршувања и злоупотреби на човековите права. сп/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан