• недела, 22 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Северна Кореја ја критикува одлуката на САД да го олесни извозот на оружје

Северна Кореја ја критикува одлуката на САД да го олесни извозот на оружје

Пјонгјанг, 20 април 2025 (МИА) - Северна Кореја ја осуди неодамнешната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп за олеснување на извозот на оружје од САД, нарекувајќи ја одлуката „мерка за ескалација на војната“, јави севернокорејската централна новинска агенција (КЦНА), цитирајќи неименуван извор.

- Од една страна, САД се преправаат дека се „посредник“ кој препорачува дијалог и преговори, додека од друга страна, континуирано продаваат секакви видови оружје за масовно уништување, со цел да ги охрабрат воените поттикнувачи да ја прошират и продолжат војната, се вели во извештајот на КЦНА.

Во сите свои претходни изјави, Трамп се залагаше за мировни преговори меѓу Киев и Москва. јт/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан