• четврток, 18 декември 2025

Стармер го повика Иран да се врати на преговарачка маса по американските напади

Стармер го повика Иран да се врати на преговарачка маса по американските напади

Лондон, 22 јуни 2025 (МИА) - Британскиот премиер Кир Стармер го повика денеска Иран да се врати на преговарачка маса и нагласи дека стабилноста во регионот останува приоритет, соопшти Даунинг стрит, откако САД синоќа гаѓаа три големи нуклеарни објекти во Иран.

„Нуклеарната програма на Иран е голема закана за меѓународната безбедност. На Иран никогаш не му било дозволено да развива нуклеарно оружје и САД презедоа акција за ублажување на таа закана“, рече Стармер.

Тој истакна дека ситуацијата на Блискиот Исток останува нестабилна и нагласи дека стабилноста во регионот е приоритет. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан