• сабота, 20 декември 2025

Хамас го осуди нападот на САД врз ирански нуклеарни постројки нарекувајќи го очигледен чин на агресија

Хамас го осуди нападот на САД врз ирански нуклеарни постројки нарекувајќи го очигледен чин на агресија

Газа, 22 јуни 2025 (МИА) - Палестинското исламистичко движење Хамас во соопштение објавено изутринава го осуди нападот на САД врз иранските нуклеарни постројки, нарекувајќи го очигледен чин на агресија.

Според Хамас, нападот претставува „опасна ескалација“ и го загрозува мирот и меѓународната безбедност, се наведува во соопштението.

САД слепо ја следат агендата на Израел. Сепак, нападот нема да ја скрши волјата на иранскиот народ, со кого изразуваме солидарност, соопшти палестинското исламистичко движење.

Хамас се смета за важен сојузник на Иран. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан