• сабота, 18 мај 2024

СДСМ: Стоилковски во континутитет манифестира доза на шовинизам насочен кон женскиот пол

СДСМ: Стоилковски во континутитет манифестира доза на шовинизам насочен кон женскиот пол
Скопје, 5 септември 2022 Во континутитет граѓаните гледаат една висока доза на шовизам манифестирана од Наум Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ, особено насочена кон женскиот пол. Тоа воопшто не говори добро ниту за Стоилковски ниту за неговата ВМРО-ДПМНЕ. За личноста за којашто повторно зборува токму Стоилковски лажеше дека била назначена за конзул, па излезе дека тоа не е точно. Прашањето на кое Стоилковски треба да одговори е дали истата личност подолго време била вработено во општина предводена од ВМРО-ДПМНЕ? Кои се мотивите за ваков тип на напади од страна на Стоилковски останува граѓаните да оценат. Јавноста знае дека токму Стоилковски се има извинето за неговите сексистички ставови и навреди кон жените. Центар за комуникации со јавноста - СДСМ _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан