• петок, 26 април 2024

Санкции за 96 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Санкции за 96 возачи за брзо возење на територија на СВР Битола

Скопје, 1 април 2023 (МИА) - При акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, вчера во периодот од 14 до 20 часот на територија на СВР Битола се санкционирани 96 возачи.

Од нив, како што соопшти МВР, 40 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 56 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР. мс/са/

Остани поврзан