• петок, 03 мај 2024
Од верските календари

26 април 2024 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 aприл.

Денеска е Св. свештеномаченик Артемон.

Свети Артемон пострадал за време на прогоните од страна на императорот Диоклецијан. Живеел во Лаодикија, а оттаму под стража бил одведен во Палестинска Кесарија, како христијанин и свештеник. Но, во Кесарија се ослободил од затворот на чудесен начин и се повлекол во некое осамено место во Мала Азија, не прекинувајќи го својот добродетелен живот, ниту проповедта на животоносниот збор. Заради привлекувањето на многу пагани кон верата во Христос тој бил повторно затворен и погубен.

 

###

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан