• понеделник, 20 мај 2024

САД уништи противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море

САД уништи противбродска ракета на Хутите во Јемен насочена кон Црвеното Море

Вашингтон, 27 јануари 2024 (МИА) - Американската војска соопшти дека уништила противбродска ракета на Хутите во Јемен, која била насочена кон Црвеното Море и подготвена за лансирање.

„Ракетата претставуваше непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, соопшти американската централна команда (ЦЕНТКОМ) на социјалната мрежа X.

Уништувањето се случило во 03:45 по локално време (00:45 по Гринич). паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан