• петок, 17 мај 2024

САД со санкции за помагачите на Хутите, Кудс и Хезболах

САД со санкции за помагачите на Хутите, Кудс и Хезболах

Вашингтон, 26 март 2024 (МИА) - САД денеска наметнаа контратерористички санкции против финансиски и трговски помагачи на Хутите во Јемен, иранските сили Кудс и либанската група Хезболах.

Санкциите се насочени кон шест ентитети, едно физичко лице и два танкери базирани во Либерија, Индија, Либан и Кувајт.

Сите тие се ангажирани во овозможување на транспорт на ресурси и финансиски трансакции, изјавија од американското Министерство за правда.

-Ќе продолжиме да ги употребуваме инструментите што ни се на располагање да целиме на оние кои транспортираат незаконски стоки во полза на терористички групи, изјави Метју Милер, портпарол на Стејт департментот.

Од министерството укажаа и дека наметнати се санкции за 11 физички лица и ентитети за подршка на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад преку „овозможување на незаконски финансиски трансфери и продажба на незаконски наркотички средства“, изјавија од министерството. кб/

 

Остани поврзан