• петок, 12 јули 2024

САД издвоија уште 100 милиони долари помош за Палестинците во Газа и Западниот брег

САД издвоија уште 100 милиони долари помош за Палестинците во Газа и Западниот брег

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - САД издвоија дополнителни 100 милиони долари помош за Палестинците во Појасот Газа и окупираниот Западен брег, соопшти денеска американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Во соопштението се наведува дека овие средства ќе бидат искористени за финансирање на помошта на Светската програма за храна на Обединетите нации, како и за логистичка поддршка за сигурна и ефикасна испорака на хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа.

Се посочува дека САД, по најновата помош на УСАИД, испратиле помош од повеќе од 774 милиони долари за Палестинците од почетокот на војната во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“. паг/

 

 

 

Остани поврзан