• петок, 12 јули 2024

Почна средбата меѓу Бајден и Зеленски во Вашингтон

Почна средбата меѓу Бајден и Зеленски во Вашингтон

Вашингтон, 11 јули 2024 (МИА) - На маргините на самитот на НАТО во Вашингтон почна средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Џозеф Бајден.

Се очекува главна тема на разговорите да биде ситуацијата во Украина, како и продолжувањето на лидерската улога на Соединетите Американски Држави во меѓународните напори за поддршка на Киев, пренесе Укринформ.

Зеленски повеќе пати истакна дека очекува американската страна да ги укине ограничувањата за употреба на западно вооружување во воените објекти на територијата на Русија. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан