• недела, 14 јули 2024

ЦУК: Владата и одобри на ДЗС да ангажира двајца пензионирани пилоти на Ер трактори 

ЦУК: Владата и одобри на ДЗС да ангажира двајца пензионирани пилоти на Ер трактори 

Неготино, 11 јули 2024 (МИА) - Владата на денешната седница даде согласност Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) да ангажира двајцата пензионирани пилоти на Ер трактори, соопшти Центарот за управување со кризи. 

Според ЦУК, утре рано претпладне, пилотите ќе потпишат договор за дело. 

- Веднаш потоа Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја тргне забраната за летање и Ер тракторите на ДЗС ќе може да полетаат кон пожарот на планината Серта (Конечка планина), а по потреба и кон кој било друг приоритетен пожар за гаснење, наведува ЦУК. 

Се уште е активен пожарот на Серта во Неготинско, кој избувна вчера околу 10.30 часот. За вечерва во 22 часот е закажан нов состанок на неготинскиот Штаб за заштита и спасување, формиран синоќа на вонредна седница на Советот на општината. свд/мч/

фото: МИА 

Остани поврзан