• недела, 14 јули 2024

Активни пожари во неколку региони од земјава, само во јули 173 пожари од пошироки размери

Активни пожари во неколку региони од земјава, само во јули 173 пожари од пошироки размери

Скопје, 13 јули 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи вечерва информира дека дел од пријавените пожари се уште се активни и според проценката на пожарникарите, нивни екипи вечерва ќе останат на терен.

Според информациите на ЦУК, активни се пожарите во атарот на селото Кањалево во општина Неготино, на планината Огражден во општина Ново Село, во селото Црнилиште, Прилепско, меѓу селата Драгоево и Селце во Штипско, меѓу селата Горно и Долно Лаповиќ во општина Конче и селото Јаболчиште во општина Велес.

Од утрово се интервенирало и од воздух на петте активни пожари од претходните денови. 

Податоците со кои располага ЦУК говорат дека само за 12 дена во јули имало вкупно 173  пожари на отворен простор од пошироки размери. бак/

Фото: ЦУК

 

 

Остани поврзан