Руската војска во текот на ноќта уништила 32 украински дронови
- Руски системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 32 украински дронови, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека украинските офанзивни беспилотни летала биле уништени при напади на пет руски региони.
Москва, 27 јанаури 2025 (МИА) - Руски системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта уништиле 32 украински дронови, соопшти денеска руското Министерство за одбрана, наведувајќи дека украинските офанзивни беспилотни летала биле уништени при напади на пет руски региони.
-Во текот на изминатата ноќ, дежурните системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 32 украински беспилотни летала: петнаесет над територијата на регионот Воронеж, единаесет над регионот Белгород, четири над регионот Курск и по еден над териториите на Орловската и Тверската област, се вели во соопштението на Министерството.
Министерството потврди и дека руски ловец-бомбардер Су-34 извршил успешен напад на т.н. паметни бомби на упориште на украинските вооружени сили во пограничниот регион на Курск.
Во меѓувреме, украинските медиуми објавија дека синоќа во повеќето украински региони е прогласена тревога поради воздушни напади на руски камикази-дронови.
Според командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, од 00:08 часот, руски дронови Шахед биле откриени во источниот и централниот дел на регионот Полтава, на север од областа Кировоград, на југоисточниот и југозападниот дел на Винитската област, на југоисточниот дел од областа Хмелницки, како и на југот и југоисточниот дел на Днепропетровска област.
Покрај тоа, украинската војска го потврди присуството на руски беспилотни летала на границата на регионите Днепропетровск, Полтава, Миколаев, Кировоград и Дњепропетровск и Запорожје. мс/
фото: МИА архива