Израелската армија уби еден, а повреди седум луѓе во јужен Либан
- Министерството за здравство на Либан соопшти дека денеска израелската армија убиле едно лице, а повредени се седум луѓе во јужниот дел на земјата
Бејрут, 27 јануари 2025 (МИА) – Министерството за здравство на Либан соопшти дека денеска израелската армија убиле едно лице, а повредени се седум луѓе во јужниот дел на земјата.
Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека помеѓу повредени е и едно дете,
Нападот се случи еден ден по продолжувањето на примирјето помеѓу Израел и Хезболах.
Израелските војници вчера отворија оган врз жителите на јужен Либан, кои се обидоа да се вратат во своите села, при што се убиени 22 луѓе, а 124 се повредени.
Според договорот од 27 ноември, со кој завршија двомесечните борби меѓу Израел и Хезболах, израелската армија требаше да го заврши повлекувањето до 26 јануари. Но, израелските власти на 24 јануари соопштија дека Либан не ги почитува целосно своите обврски, поради што нивното повлекување ќе продолжи и надвор од планираниот рок. ми/
фото: ЕПА