• вторник, 14 мај 2024

Русија распореди нова нуклеарна ракета „Јарс“ во регионот Калуга

Русија распореди нова нуклеарна ракета „Јарс“ во регионот Калуга

Москва, 22 ноември 2023 (МИА) - Русија распореди нова интерконтинентална балистичка ракета „Јарс“ во базата Козелск во регионот Калуга, југозападно од Москва, пренесоа руски медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана.

Русија ја опиша ракетата „Јарс“, која може да носи повеќе термонуклеарни боеви глави, како едно од нејзините понови оружја способни да ја нарушат ракетната одбрана на САД и нивните сојузници. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан