• петок, 22 ноември 2024

Стејт департмент: Тешките загуби на руската војска во Украина по некои оценки изнесуваат 315.000 лица

Стејт департмент: Тешките загуби на руската војска во Украина по некои оценки изнесуваат 315.000 лица

Вашингтон, 14 мај 2024 (МИА) - Портпарол на Стејт департментот синоќа коментираше за смената на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу од страна на рускиот претседател Владимр Путин, при што истакна дека една од причините се тешките загуби на руската војска што досега достигнале 315.000 луѓе.

-Сметаме дека ова е уште еден доказ дека Путин очајно се обидува да ја продолжи својата агресивна војна против Украина и покрај тоа што нанесува големи штети на руската економија, но и покрај тешките загуби на руската војска кои според некои оценки изнесуваат 315.000 луѓе, изјави Ведант Пател, портпарол во Стејт депртментот.

Според него, мобилизацијата на Кремљ со агресивна војна придонела кон големи страдање на многу семејства во Русија

Тој уште еднаш ја повтори позицијата на САД дека „ Путин ја започна оваа неиспровоцирана војна и може лесно да ја заврши во секој момент со повлекување на својата војска од Украина, наместо да продолжува со секојдневните жестоки напади“ против Украина.

Во меѓувреме, советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џејк Саливан, изјави за новинарите дека „САД прават сѐ што можат итно да го испорачаат оружјето за Украина за одбивање на руската копнена офанзива“ во областа околу северисточниот град Харков.

Тој изјава и дека во наредните донови ќе биде објавено за нов пакет воена помош за Украина. кб/сд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан