• петок, 22 ноември 2024

Макрон телефонски разговараше со Зеленски, ги осуди засилените руски напади во Украина

Макрон телефонски разговараше со Зеленски, ги осуди засилените руски напади во Украина

Париз, 14 мај 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го осуди „интензивирањето на руските напади“ во Украина, особено руската офанзива во пограничниот регион Харков и руските напади врз украинската енергетика.

Макрон „ја повтори решеноста на Франција да ја обезбеди сета потребна поддршка, долгорочна и со сите свои партнери, со цел да се победи руската агресивна војна“ и дека воената помош ќе биде доставена во наредните денови и недели“ се наведува во соопштението.

Тој повтори дека се залага за „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз, за ​​Русија тогаш да престане со операциите.

Макрон рече дека тогаш треба да се преземат „сите корисни дипломатски иницијативи за почеток на преговори во согласност со меѓународното право и легитимните интереси на Украина“.

Русија во петокот започна ненадејна офанзива во регионот Харков, чиј главен град со исто име е втор по големина во Украина, а денеска соопшти дека навлегле „длабоко во украинската одбрана“ и зазеле уште едно село во регионот. паг/

Фото: ЕПА


 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан