• сабота, 18 мај 2024

Рурална коалиција го одбележа Меѓународниот ден на руралната жена

Рурална коалиција го одбележа Меѓународниот ден на руралната жена

Пробиштип, 14 октомври 2022 (МИА) - Рурална Коалиција денеска во пробиштипското село Пишица го одбележа Меѓународниот ден на руралната жена, жените земјоделки и фармерки  потпишаа и декларацијата на Руралното Женско Лоби, како активна заложба за заедничко делување и застапување за унапредување на родовата еднаквост и економското јакнење на жените од руралните средини како производителки на храна.

Претседателката на Рурална коалиција, Лилјана Јоноски вели дека 25 жени од руралните средини во периодот од мај-септември 2022 година активно беа вклучени во првата Меѓународна академија за жени-претприемачки од руралните средини. Низ 13 вкупно модули водени од страна на фасилитаторки, 25 жени успеаjа да го поминат процесот на изработка на бизнис план, да размислуваат за унапредување на сопственото производство, да разменуваат меѓусебно знаења и искуства. Академија за жени претприемачки (AWE 2022), е иницијатива на Бирото за Образование Култура на Министерството за надворешни работи на владата на САД која го имплементира овој проект во над 90 земји во светот поддржувајќи повеќе од 16 000 жени, кај нас за прв пат преку партнерска соработка со Рурална Коалиција.

-Од денеска ја почнуваме едномесечната кампања, во која ќе говориме за руралните жени, а аспект како жени домаќинки, но и од аспект на жени претприемачки и она што ни е најважно производителки на храна, вели Јоноски.

Посочи дека согласно податоците кои ги имаат од Заводот за статистика жените на нива, но и во фармите и бачилата работат рамо до рамо со мажите.

-Имаме над 170.000 земјоделски стопанства кои се регистрирани или евидентирано, во зависност од тоа дали земаат субвенции или не и во речиси во сите од нив жените работат рамноправно со мажите, кога говориме само за жените тогаш говориме за бројка од повеќе од 38.000, коишто се регистрирани како индивидуални земјоделци и какошто ви кажав нивната бројка е поголема, бидејќи не сите се регистрираат во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Тука и беше и нашата цел да ги испромивираме и тие жени, кои се надвор од системот, но произведуваат храна, или прават различни преработки, какошто се џемови слатка, колачи, торти, декорации, традиционални украси, вели Јоноски.

Своите успешни приказни од руралните средини, како и искуствата од првата Меѓународна академија за жени од руралните средини ги споделија седум жени од сите региони во земјава. вдј/дма/

Остани поврзан