• сабота, 13 јули 2024

Роналдо со специјално обраќање до фановите пред дуелот со Чешка

Роналдо со специјално обраќање до фановите пред дуелот со Чешка

Лајпциг, 18 јуни 2024 (МИА) - Неколку часа пред првиот натпревар на Португалија на Европското првенство во Германија, суперѕвездата и капитен на тимот, Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи за да испрати порака до навивачите на „морнарите“.

Роналдо објави видео од себе со репрезентацијата на Португалија. Импресивно е и вклучувањето на голем број кадри со португалски навивачи.

„Португалци, денес започнува ново поглавје во нашата историја. Со задоволство се сеќавам на мојот прв ден со репрезентацијата, патување полно со предизвици и победи. Сега сум привилегиран што сум опкружен со тим од шампиони кој е полн со талент и одлучност. Со универзална сила и поддршка, соништата ги претвораме во реалност. Заедно да се избориме за уште еден триумф. Обединети, незапирливи сме. Форца Португалија!“, напиша тој како коментар на видеото.

Иберијците вечерва од 21:00 часот го започнуваат учеството на ЕП 2024 со мечот против Чешка во Лајпциг. За 39-годишниот Кристијано ова ќе биде рекордно шесто Европско првенство, а денеска се очекува да забележи врвно достигнување од 26 одиграни натпревари на турнирот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан