• среда, 23 октомври 2024

Шундовски привремен тренер на РК Еурофарм Пелистер

Шундовски привремен тренер на РК Еурофарм Пелистер

Битола, 23 октомври 2024 (МИА) - Најтрофејниот македонски ракометен тренер Звонко Шундовски е назначен за привремен тренер на ракометниот клуб Еурофарм Пелистер.

Менаџерскиот тим на клубот одлуката ја донесе по вчерашната оставка на досегашниот тренер Бранислав Ангеловски што ја поднесе веднаш по поразот на битолчани од тимот на Алкалоид во Скопје.

Од РК Еурофарм Пелистер соопштија дека Шундовски екипата ќе ја води до избор и именување на нов тренер. мт/зс/

 

Остани поврзан