• среда, 05 февруари 2025

Ибрахимовиќ: Лошо стоиме во поредокот, но ние сме единствените што освоивме трофеј

Ибрахимовиќ: Лошо стоиме во поредокот, но ние сме единствените што освоивме трофеј

Милано, 4 февруари 2025 (МИА) - Советникот на раководството на Милан, Златан Ибрахимовиќ зборуваше на презентацијата на новиот напаѓач на тимот Сантијаго Хименез, кој дојде од Феенорд.

Поранешниот шведски репрезентативец изјави дека клубот долго време го следи играчот и е свесен дека тој поседува одлични квалитети, но не сака да го става под притисок.

-Имавме добри и лоши моменти во текот на сезоната, но досега само ние освоивме трофеј (Суперкупот на Италија). Мислам дека сега ќе биде подобро, изјави Ибрахимовиќ, цитиран од „Газета дело спорт“.

На прашањето што ми недостасува на тимот, Швеѓанецот со бакански корени вели дека тоа е константност.

-Видовме дека не сме задоволни и сакавме да најдеме нешто ново. Го засиливме тимот, ќе видиме дали ќе ја намалиме разликата со лидерите. Според мене, тимот е подобар, изјави директорот.

Смета дека тимот ги остварил сите планови во однос на засилувањето на тимот, доведувајќи пет играчи и ослободувајќи се од уште петмина.

-Задоволни сме, ова ќе биде тимот кој ќе ја промени нашата ситуација. Беше многу интензивно. Го земавме Сотил минута и пол пред затворањето на пазарот, тоа беше целосен стрес.Благодарност до адвокатите и секретаријатот. Сфатив колку е силен Мино Рајола со сета моја почит кон другите агенти, заврши Златан Ибрахимовиќ, притоа потсетувајќи се на својот покоен агент. дс

Фото: Архива

Остани поврзан