• четврток, 24 октомври 2024

Работнички убедливо поразен од Босна во АБА 2

Работнички убедливо поразен од Босна во АБА 2

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) – Екипата на Работнички претрпе тежок пораз вечерва на домашен терен од Босна со 99:74.

Ова беше натпревар од 3. коло во АБА 2 регионалната кошаркарска лига убедливи 74-99.

Полутак со 27 и Шошкиќ со 13 поени беа најефикасните во македонскиот тим.

Ковачевиќ со 19 и Гутиќ со 18 поени се истакнаа во гостинскиот состав.

Работнички е последен во Б-групата со три порази на исто толку натпревари. 

Вечерва од 20 часот МЗТ Скопје Аеродром е домаќин на Хелиос Домжале во 3.коло од А-групата. зс/

Фото: КК Работнички

Остани поврзан