• вторник, 23 април 2024

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека

Проекција на грчкиот филм „Евтихија“ во Кинотека

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Во рамки на Месецот на Франкофонијата, Амбасадата на Грција во Скопје вечер од 20 часот во Кинотеката  организира проекција на грчкиот филм „Евтихија“ од 2019 година, во режија на Ангелос Франџис.

-Филмот „Евтихија” е инспираран од турбулентниот живот на една неконвенционална личност со силен темперамент, текстописецот Евтихија Папајанопулу, која преку своите текстови и соработката со најзначајните грчки композитори, како Василис Цицанис и Манос Хаџидакис, создаде некои од безвременските грчки песни, соопшти Амбасадата на Грција. 

 „Евтихија” во 2020 година доби осум награди од Грчката академија за кинематографија и беше топло прифатен од публиката. Влезот за проекцијата во Кинотека е бесплатен. хс/вг/

Фото: Амбасада на Грција 

Остани поврзан