• понеделник, 15 јули 2024

Mалолетик од Скопје приведен за разбојништво

Mалолетик од Скопје приведен за разбојништво

Скопје, 31 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, вчера привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид.

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека лицето, на 28 месецов, во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди.

Против малолетникот е поднесена кривична пријава по брза постапка до страна на Основното јавно обвинителство - Скопје. сан/са/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан