• понеделник, 15 јули 2024

Кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“ против лице од Карбинци

Кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“ против лице од Карбинци

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Во Штип вчера во 01.50 часот полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од село Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете.

По преземени оперативни мерки, соопштија денеска од МВР, лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури.

- Во врска со настанот од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“, се појаснува во соопштението. цр/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан