Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на НДИ и учесници на Обуката за младинско лидерство и Самит за политики
- Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Националниот демократски институт (НДИ) и учесниците на претстојната Обука за младинско лидерство и Самит за политики во организација на овој институт.

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Националниот демократски институт (НДИ) и учесниците на претстојната Обука за младинско лидерство и Самит за политики во организација на овој институт.
Кабинетот на Сиљановска-Давкова информира дека претставниците на НДИ на средбата ја информирале претседателката за нивните тековни активности во насока на поддршка и зајакнување на демократските институции и процеси во земјава и ја запознале со програмскиот концепт и предвидените активности во рамки на Обуката за младинско лидерство и Самитот за политики што се одржува од 15 до 17 јули во Скопје.
-Претседателката Сиљановска-Давкова изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка на НДИ со македонските институции, којашто се состоеше од голем број на иницијативи и активности, при што на организаторите и учесниците им посака успешна реализација на Обуката за младинско лидерство и Самитот за политики, се наведува во соопштението. хс/
Фото: Кабинет на Сиљановска-Давкова