• понеделник, 15 јули 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 15 јули 2024 (МИА) - На 14.07.2024 во 01.50 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција го лишиле од слобода Г.П.(22) од с.Козјак, општина Карбинци, постапувајќи по претходна пријава дека на социјална мрежа биле објавени фотографии на кои едно лице, во урбана средина, држел пиштол во рацете. По преземени оперативни мерки, лицето било пронајдено и приведено, а по извршениот увид на местото кое го посочил биле пронајдени чаури. Во врска со настанот, од М.Т.(27) од Штип бил одземен пиштол „Зораки“, кој по наредба на јавен обвинител бил даден на вештачење. Г.П. бил задржан во полициска станица и во координација со Основното јавно обвинителство Штип, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување на општа опасност“.

Денеска (15.07.2024) во 00.40 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(22) од с.Бујковци, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.07.2024 во 19.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.М.(19) од с.Сопиште, Скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.07.2024 на плажа во туристичката населба во Долно Дупени, Ресенско, полициски службеници од СВР Битола во соработка со полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода А.И.(22) од с.Лешок, Тетовско, Д.З.(20) од с.Јанковец, Ресенско, М.И.(33) и А.Л.(35), двајцата од Штип, затоа што кај нив била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава.

На 14.07.2024 во 19.10 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Ш.О.(37) од Република Грција, затоа што при гранична проверка било констатирано дека возилото „рено колеос“ со германски национални ознаки, кое го управувал, било предмет на потрага по барање од Интерпол Германија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 77 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за управување под дејство на алкохол, три мерки за користење на мобилен телефон при управување, 23 мерки за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (12/13/14.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, 47 санкции за брзо возење, 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 14 мерки за непрописно паркирање, 13 мерки за неносење на заштитна кацига - шлем, три санкции за користење мобилен телефон при возење....

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, Прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

На 14.04.2024 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на бул.„Туристичка“ во Охрид, 42-годишната А.Ѓ. од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата А.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 14.07.2024 во 09.30 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од улиците „Лена Туриманџова“ и „Бел Камен“ во Кавадарци, С.К.(66) од Кавадарци, управувајќи мопед со кавадаречки регистарки ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата С.К. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

На 14.07.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, Б.Ј.(30) од Скопје, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 14.07.2024 во 23.10 часот во Полициската станица Велес, Д.Н.(32) од Велес пријавил дека во близина на Автобуската станица во Велес бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан