• сабота, 18 мај 2024

Приведен крадец во Куманово

Приведен крадец во Куманово
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:00 часот го лишиле од слобода Д.Р.(20) од Куманово. Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека одзел повеќе предмети од објект во изградба на улицата „Питу Гули“ Куманово и во продажен објект на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово.  Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. дма/аа/

Остани поврзан