• недела, 19 мај 2024

Приведени две лица осомничени за кражба во здравствена установа во Прилеп

Приведени две лица осомничени за кражба во здравствена установа во Прилеп

Скопје, 22 февруари 2024 (МИА) - Прилепската полиција, ноќеска во 03.10 часот по полноќ на улицата „Васко Карангелески“ во Прилеп, ги лишила од слобода Д.Џ.(36) и Ќ.Ш.(42), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на кражба во здравствена установа во Прилеп и кај нив биле пронајдени метални и остри предмети.

Како што информираат денеска од МВР, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. сст/са/

фото МИА архива

 

Остани поврзан