• среда, 12 јуни 2024

Приведени двајца осомничени дилери на хероин од Битола

Приведени двајца осомничени дилери на хероин од Битола
Скопје, 4 ноември 2022 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР - Битола вчера ги лишиле од слобода битолчаните А.Д. (30) и Ш.К. (37). Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при претрес во домот на А.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и банкноти во различни апоени. При претрес, пак, во домот Ш.К., исто така извршен со судска наредба, бил пронајден и одземени хероин, дигитална вага и предмети со остатоци од хероин. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР. рп/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан