• четврток, 21 ноември 2024

Маричиќ од ТАИЕКС во Белград: Споделувањето на искуствата и меѓусебната поддршка на земјите кандидати за забрзано пристапување во ЕУ се темелни вредности за успешна интеграција 

Маричиќ од ТАИЕКС во Белград: Споделувањето на искуствата и меѓусебната поддршка на земјите кандидати за забрзано пристапување во ЕУ се темелни вредности за успешна интеграција 

12 јуни 2024 
 
Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања учествуваше на вториот дел од работилницата во организација ТАИЕКС во соработка со Министерството за европска интеграција на Република Србија. 

На вториот ден од работилницата на министерско ниво во соработка со ТАИЕКС службата во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR) во конструктивните и темелни дискусии се говореше за координацијата за процесот на пристапување во ЕУ и за националните механизми за координација со Европската Унија.  

На крајот од работилницата фокусот беше ставен на важноста од  комуникација со јавноста и кревање на јавната свест за процесот на евроинтеграција.

„Со новите механизми, Планот за раст на Европската Комисија за земјите од Западен Балкан, ЕУ дава значаен сигнал за важноста на проширувањето на европските граници, и овој моментум мора да се искористи - истакна Маричиќ“. 

По работилницата, во продолжение беа организирани повеќе билатерални средби на првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ со присутните Вицепремиери и министри за евроинтеграција на државата.  

На средбите Вицепремиерот Маричиќ ја изрази поддршката за процесот на евроинтеграцијата на државата и регионот, изразувајќи убеденост дека македонската администрација е подготвена да ги продолжи сите процеси во однос на евроинтеграцијата на државата, да го даде својот придонес во процесот и да го сподели богатото искуство со кое располага администрацијата.

Заклучоци на присутните од настанот беа дека споделувањето на искуствата и поддршката на земјите кандидати за забрзано пристапување во Европската Унија се темелни вредности за надминување на предизвиците, изнаоѓање решенија за успешна интеграција на земјите од регионот. 

На билатералните средби одржани со Предраг Зеновиќ, Главниот преговарач со ЕУ на Црна Гора, со Кристина Герасимов, Главен преговарач, Заменик претседател на Владата за европски интеграции на Република Молдавија, со Александр Илков, генералниот директор на Владината канцеларија за ЕУ интеграции на Република Украина, со Архил Караулашвили, генерален директор на директорат за ЕУ од Министерството за надворешни работи на Република Грузија, со Теди Доби заменик министерот за правда на Република Албанија и со Тања Мишчевиќ министерката за европски интеграции и главен преговарач на Република Србија, фокусот беше на одржување на оптимизмот за процесот на ЕУ интеграција, споделувањето искуства и редовна комуникација со цел заедничко помагање за успешна евроинтеграција на секоја од земјите кандидати за проширување.

На средбите учество зема и државната секретарка Дрита Абдиу Халили на Секретаријатот за европски прашања.  

Секретаријат за европски прашања

____________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СЕП 

Остани поврзан