• четврток, 20 јуни 2024

Мицкоски: Жалам што граѓаните се соочуваат со проблеми во здравството за кои мислевме дека се дел од минатиот век

Мицкоски: Жалам што граѓаните се соочуваат со проблеми во здравството за кои мислевме дека се дел од минатиот век

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за формирање на новата влада, Христијан Мицкоски, пред почетокот на седницата на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија (ЗЕЛС), рече дека еден од главните приоритети на новата влада ќе биде здравството.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со случувањата во Клинички центар, Мицкоски изрази жалење што граѓаните се соочуваат со проблеми, за кои рече „мислевме дека се дел од минатиот век“ и порача дека ќе има одговорност.

– Еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството, има многу приоритети, но еден од клучните приоритети ќе ни биде здравството. Секој од нас на секојдневна основа има контакт со здравството и жалам што ова им се случува на македонските граѓани, во 21 век пациентите да ни умираат во ходници или да се случуваат инфекции кои мислевме дека се минато и се дел од минатиот век. За ова ќе има одговорност, рече Мицкоски.

Посочи дека во минатото како опозиција постојано укажувале на слабостите на македонското здравство, но како што рече, тогашната актуелна власт таквите предупредувања ги толкувала како политиканство и бркање на политички поени.

Во очајна состојба е клиничкиот центар, не работат хируршки сали веќе со месеци, потпорен ѕид паѓа. Дали реформата на Клинички центар ќе биде еден од првите…

– Еден од главните приоритети ќе ни биде решавање на овој проблем. Жал ми е што сѐ што зборувавме во минатото излезе точно и жал ми е што од страна на малкумина, кои што сѐ уште се дел од актуелната власт, беше протолкувано како политиканство, ниски страсти и бркање на политички поени, наместо да ги засукаат ракавите и да се зафатат за работа. Ќе ве потсетам на случајот за Онкологија кога предупредувавме на многу од акутните проблеми којшто ги има македонското здравство, но за жал од страна на тогаш се уште актуелното мнозинство не наидовме на разбирање, но сега тоа е позади нас, рече Мицкоски. ра/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан