• сабота, 18 мај 2024

Приведени двајца малолетници од Тетово осомничени за кражба

Приведени двајца малолетници од Тетово осомничени за кражба

Скопје, 31 јануари 2024 (МИА) - Тетовската полиција вчера околу 11 часот и 30 минути, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово лишила од слобода двајца малолетници од Тетово, кои се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале.

Како што соопшти денеска МВР, двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на неговиот 35-годишен сопственик А.Ј. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци. сст/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан