• понеделник, 23 декември 2024

Преку европски проект ќе се реконструира центарот на Велес

Преку европски проект ќе се реконструира центарот на Велес

Велес,28 април 2023 - (МИА) – Тендерот е во тек, а од 15 мај ќе започнат градежните активности за реконструкција на центарот на Велес, со што ќе биде разубавен просторот помеѓу двата јавора и фонтаната на плоштадот С’рмаале до кружниот тек кај Коњаникот во строгиоит центар на Велес, кај поранешната Стоковна куќа НА-МА. Тој дел од улицата „8 Септември“ ќе стане и пешачка зона. 

Оваа информација беше соопштена на денешната конференцијата на тема „Паметни решенија Велес – продолжуваме“, која се одржа во Велес. За реализацијата на овој проект, вреден 750 ијади евра, ќе се користат словенечки искуства од градот Љубљана.

Како што информира градоначалникот Марко Колев, Општина Велес проектот го доби пред три години, но не можеше да го реализира поради зголемувањето на цените на градежните материјали и првично проектираните смарт елементи кои се дел од урбаната опрема и сообраќајот.

На конференцијата во Велес учествуваше и Мишел Хофнагел, претставник на Европската Унија и поранешен градоначалник на германскиот град Таунусштајн. Тој, како што најави, ќе работи на меѓуопштинска соработка и подготовка на нови проекти.

Општина Велес проектот ќе го спроведе во соработка со СЕГ Холдинг, а е кофинансиран од Европската Унија во рамки на програмата „ЕУ за општините“ во соработка со Министерството за локална самоуправа. ад/сх/

Фото: МИА

Остани поврзан