Исплатени над 280 милиони денари на повеќе од 4.700 корисници на земјоделски субвенции
- Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со јуни за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Министертсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска се исплатени над 280 милиони денари кон повеќе од 4.700 корисници на субвенции во рамки на програмите за финансиска поддршка.
Од вкупниот износ, 269.947.935 денари се исплатени кон 4.545 корисници заклучно со јуни за Мерката 2.3 - директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.
Вкупно 3.746.560 денари се исплатени кон 167 корисници за Мерката 2.6 - дополнителни директни плаќања од подмерката 2.5 за одгледани или заклани говеда во регистриран кланичен капацитет во согласност со програмата за 2024 година, а во рамките на Мерката 2.16 се исплатени 7.968.320 денари за произведени или продадени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни женски пилиња од јајценосни хибриди, исто така од програмата за 2024 година.
- Поддршката на земјоделците продолжува, заедно работиме на стабилен развој на македонското земјоделство - наведува МЗШВ. мч/дма/
фото: МЗШВ