• сабота, 18 мај 2024

Презентација на книга за убавините на Северна Македонија од Алесио Ликуори

Презентација на книга за убавините на Северна Македонија од Алесио Ликуори

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) - Во рамките на Неделата на италијанскиот јазик во светот, Амбасадата на Италија денеска ќе организира презентација на водич, чиј автор е Алесио Ликуори, посветен на природните и културните убавини на Северна Македонија.

Неделата на италијанскиот јазик во светот оваа година е посветена на одржливоста. Презентацијата ќе се одржи во „Europe House“ во Скопје, во присуство на авторот Алесио Ликуори и издавачот Алберто Ости.бт/са/

 

Остани поврзан