• недела, 30 јуни 2024

Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас

Прва победа за Минесота во конференциското финале со Далас

Далас, 29 мај 2024 (МИА) - Минесота тимбервулвс ноќеска на гостински терен го совлада Далас маверикс во четвртиот натпревар од финалето на Западната конференција на НБА плејофот со 105:100. 

Резултатот во серијата прв до четири победа сега е 3:1 за Далас.

До првата победа во полуфиналето од разигрувањето за титулата Минесота беше предводена од Ентони Едвардс кој забележа дабл-дабл - 29 поени и 10 скока. Имаше и девет асистенции и само едно додавање го делеше од троен ефект.

Трипл-дабл оствари Лука Дончиќ во поразениот тим. Словенечкиот кошаркар постигна 28 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Петтиот натпревар во серијата ќе се одигра на 31 мај. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан