Хамилтон: Влегувањето во третиот сегмент на квалификациите во Канада ќе биде тешко
- Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по петочните тренинзи за Големата награда на Канада, истакнувајќи ги тешкотиите со подесувањето на болидот.
Монтреал, 14 јуни 2025 (МИА) - Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по петочните тренинзи за Големата награда на Канада, истакнувајќи ги тешкотиите со подесувањето на болидот.
- Не помина непречено. Ми се допаѓа патеката и публиката беше одлична денес, но чувството од болидот не е исто како во претходните години. На првиот тренинг сè помина добро, но по промените стана потешко. Очекував дека ќе бидеме побрзи, но или не успеавме во тоа, или конкурентите направија голем чекор напред. Тешко е да се каже што да очекуваме сега. Со нашето моментално темпо, влегувањето во третиот сегмент ќе биде тешко, иако е можно. Но, дури и да стигнеме таму, ќе биде тешко да се бориме за место меѓу првите 5, изјави Хамилтон за „Motorsport Week“.
Британецот го заврши првиот тренинг на петтото место, а вториот на осмото.
Третиот тренинг ќе се вози денес од 18:30 часот, а квалификациите се закажани за 22 часот.
Главната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Канада ќе се вози утревечер од 20 часот на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал. зс/
Фото: ЕПА