• четврток, 26 март 2026

Стјуард на Ф1 суспендиран за време на етапата во Канада

Стјуард на Ф1 суспендиран за време на етапата во Канада

Монтреал, 14 јуни 2025 (МИА) – Светската автомобилистичка федерација (ФИА), го суспендираше поранешниот возач на Формула 1, Дерек Ворвик, од судењето на Големата награда на Канада. Суспензијата за Ворвик доаѓа по неодамнешни коментари за медиумите за неколку возачи.

- Поради неодамнешните неовластени коментари, Дерек Ворвик е суспендиран од должноста стјуард на возачот за Големата награда на Канада. Тој ќе биде заменет до крајот на викендот од Енрике Бернолди, кој ќе работи од далечина во Женева, соопшти ФИА.

По дискусиите, Ворвик призна дека неговите коментари биле непромислени со оглед на неговата улога како стјуард на ФИА и се извини. Тој ќе ги продолжи должностите стјуард на следната Голема награда на Австрија.

Ворвик неодамна изјави дека Луис Хамилтон можеби ќе размисли за пензионирање, а Ред Бул направил грешка со отстранувањето на Серхио Перез. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан